Мицкоски: Додека тие kpaдат и лaжaт тоне Македонија, тоа е колективен cрам, а шансата да го промениме тоа е на 17 октомври

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Во една работа признавам дека се најдобри, најдобри се во крадење и лажење, тука им нема рамен. Во крадење и лажење им нема рамен. Ама проблемот е што додека тие крадат и лажат тоне Македонија, тонеме и ние со нив. Македонија денеска за жал е најкорумпираната држава во Европа. Држава која што ја водат политичари криминалци во Владата, тоа е наш колективен срам”, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ од митингот во Гостивар.

Мицкоски додаде дека шансата за да се промени овој колективен срам е 17-ти октомври.

„Затоа велам дека ова не се обични избори, 14 луѓе жив гореа и наместо да има одговорност, ние го гледаме оној кој треба да понесе не само морална и политичка одговорност, туку и кривична го гледаме како кловн се шета и ги најавува како во циркус оние кандидати мали зоранчиња. Како не му е срам. Најлоши сме во справување со КОВИД пандемијата. Затоа што овие наместо да прават протоколи, да градат болници, и да набавуваат вакцини тие бркаа провизии”, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека крајот на власта се ближи, граѓаните на овие избори ќе излезат и ќе изберат нова иднина.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This