МИЦКОСКИ: Единствен начин ние да ги убедиме граѓаните дека сме различни е да се држиме до принципите и до моралната вертикала

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше интервју за Радио „Македонски корени“ од Сиднеј, при што посочи дека време е за морална вертикала бидејќи граѓаните поради лошите искуства со лошите политики на оваа влада ја изгубија довербата во политичарите.

Знаете кога разговарате со граѓаните во Македонија како политичар, не зборам како универзитетски професор и како човек, туку како политичар кога разговараме за политиките две работи генерално може да слушнете. Мислам слушате многу работи но кога би ги обединиле сите тие, две работи се најприсутни помеѓу нашите сограѓани. А, тоа е дека ние политичарите практично сме луѓе кои најчесто не ја говориме вистината или брутално народски кажано сме лажговци. И втората работа е дека ние сега ги лажеме нашите сограѓани со една цел да дојдеме на власт и практично да почнеме да крадеме, дека сме крадци. Значи или сме лажговци или сме крадци, Мицкоски го објасни размислувањето на граѓаните за политичарите поради лошите искуства со оваа криминална власт.
Мицкоски додаде дека ова размислување кај граѓаните е и резултат на сите они порази кои што ни се случуваа изминативе овие 28 години од независноста на Македонија, поради тоа денеска се присутни помеѓу нашите граѓани.

Единствен начин ние да ги убедиме нив дека ние сме различни, дека имаме поинаква цел во нашата политичка кариера е да се држиме до принципите и до моралната вертикала. Што значи таа морална вертикала, доколку партијата, централниот комитет во случајот на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за кандидат за мандатар човек кој што утре после изборите и после изборната победа и се обиде да формира влада се разбира биде тоа и тоа лице, тогаш тоа и тоа лице излегува на избори нуди политика. И доколку таа политика победи тогаш тој ја составува идната влада. А, доколку таа политика биде поразена од граѓаните не треба да го користи Парламентот како алатка и да се крие позади пратеничкиот мандат, или позади имунитетот кој што му го овозможува тој пратенички мандат, истакна Мицкоски.

Мицкоски образложи дека е многу едноставно, ако вие сте кандидат за мандатар, доколку тој ја добие довербата од Централниот Комитет, да биде кандидат за мандатар предложен од ВМРО-ДПМНЕ. И убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следниве предвремени парламентарни избори ќе ја формира владата. Доколку опонентот СДСМ изгуби на тие избори тогаш логично е нивниот кандидат за мандатар да ја напушти челната позиција бидејќи неговите политики се поразени. И да не го користи како парашут, како алатка пратеничкиот имунитет и пратеничкиот мандат.

Ние мора преку личен пример да покажеме на морална вертикала, тоа е целта на нашиот предлог и тоа нашата сестринска партија, нашата народна партија го применува на секои избори и тоа се нарекува шпицен кандидат за претседател на комисијата или во нашиот случај адаптиран на нашите домашни специфики тоа би било кандидат за мандатар, заклучи Мицкоски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This