Мицкоски: Заев сака да се зборува дека сите се исти и дека нема што да се гласа, за да остане на власт, затоа излезете масовно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта се плаши од пораз и знае дека овој пат и покрај сите притисоци, закани и поткуп од украдените пари изминатите 52 месеци ќе загуби. И сосема свесно работи да има помала излезност на овие избори, што помалку луѓе да излезат да гласат, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од општина Ново Село.

Мицкоски потенцираше дека Заев сака да ги шири лагите дека сите се исти и да создаде апатија кај граѓаните, повикувајќи ги граѓаните масовно да излезат на 17ти октомври и да дадат поддршка за идниот градоначалник на Ново Село и советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Сакам да се обратам до сите граѓани, да знаат дека власта намерно ќе продолжи да шири лаги дека сите се исти, се со една цел, за да апатијата да владее и граѓаните да се помират и да не излезат на овие избори да не гласаат. Така всушност индиректно му се помага на Заев да остане и да продолжи да ја распродава Македонија и да краде. Така само ќе се продлабочат проблемите во кои како држава имаме западнато токму поради оваа криминална и измамничка власт. А одговорот на сите вакви шеми на Заев за спас од пораз е единствено масовна излезност, уште рано наутро масовно да излеземе во Ново Село. Да излеземе масовно на 17-ти октомври за бројот 7, да гласаме за идниот градоначалник на Ново Село, за победничката листа, рече Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This