МИЦКОСКИ: Замрзнување на обвpcките на компании кон државата поради кopoнавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Она што е неопходно и нужно во периодов е носење на сет на антикризни мерки за здравјето на граѓаните и помош за погоденото стопанство.

Во текот на вчерашниот ден во консултација на тимот доктори и членови на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, како и економскиот тим изработивме и денес нудиме сет антикризни мерки за заштита на граѓаните и помош на бизнисот.

Ова го истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ ги предлагаме следниве економски антикризни мерки за месец март:

„Прво, предлагаме замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот.

Второ, замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот.

Трето, државата односно владата да преземе обврска за месец март да ги сторнира и плати каматите на граѓаните и стопанството кон банките и заемодавателите.

Четврто, државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот до висина од 50-тина проценти, знаете тоа се секторите кои што се најмногу погодени како што е туризмот, како што е угостителството, како што се текстилната индустрија, кожарската индустрија и останатите сектори.

И конечно последно, потребно е веднаш да се направи анализа на сето она кое што е погодено од новостанатата ситуација со корона вирусот и врз основа на таа анализа да се детектираат кои се економските оператори, компаниите кои што се погодени и веднаш на истите да им се помогне.

Ова е сетот мерки економски кои што ги предлагаме веднаш сега за месец март, веднаш по прогласување на состојба на криза од страна на владата, порача Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This