МИЦКОСКИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈО: До вчера палea бели чадови, кога видоа немаат 80 пратеници, ајде сега притиcoци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичкиот договор е Собранието да се распушти во среда, доколку тоа не се случи, тоа е уште еден доказ дека луѓето кои што се дел од власта, на начин преку притисоци, закани, уцени ќе се обидуваат да ги убедуваат пратениците во рамките на парламентот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со денешната најава на Талат Џафери дека Собранието ќе се распушти во недела на 16-ти февруари.


– Не е ова битка за спас на политичката кариера на Зоран Заев, ова е патоказ за иднината на цела нација на сите граѓани и на една држава. Апелирам до сите политичари да се држат до договореното, тоа што сме се договориле да го испочитуваат, а сето останато да не биде дел од политички игри. Не е ова игра за спас на Зоран Заев, секој кој се огрешил пред законите нека одговара, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот на Парламентот, Талат Џафери денеска се обратил до Државната изборна комисија да се изјаснат кој е оптималниот рок за распуштање на Парламентот за да се испочитуваат сите постапки и рокови за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Одговорот од ДИК, според Џафери, бил дека тоа треба да биде на 55 дена пред изборите што значи дека Парламентот би можел да се распушти најдоцна до 16 февруари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This