Мицкоски: Има добра основа за идна коалиција со албанските опозициски партии и опозициски фронт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Јас и во текот на вчерашниот ден и за време на настанот споменав дека природата на нештата ги поврзува политичките партии, станува за центар десни и конзeрвативни политички партии, логично е дека и идеолошки но и на ниво на политичка програма има сериозен простор за соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Вчера имавме навистина еден прекрасен панел организиран од страна на фондацијата „Конрад Аденауер“ кој што е наш стратешки партнер како ВМРО-ДПМНЕ, а во иднина ќе бидат организирани други вакви настани“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за вестите на телевизија Алфа.

Мицкоски додаде дека многу важен сегмент за да се изгради партнерство особено политичко е довербата.

„Мислам дека довербата почнува да се гради и тоа на едно сериозно високо ниво, очекувам дека во следните вакви настани таа доверба само ќе се зголемува. И очекувам да отидам и чекор понапред од она што го кажав вчера, а тоа е да кулминира со една заедничка коалиција пред одржувањето на локалните избори и заедничка поддршка на кандидатите за градоначалници“, нагласи Мицкоски.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This