МИЦКОСКИ И ВРМО-ДПМНЕ НЕ ГО ПРИФАЌААТ ДОГОВОРОТ: Формирање на комисија за ревидирање на културата е алатка во рацете на Грција да ги блокира нашите евроатлантски интеграции кога ќе посака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Договорот со Грција за смена на името е документ кој јас и ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќаме. Затоа што е надвор од нашите принципи и начела.

Ние остануваме на ставот дека сме против овој Договор, затоа што веќе е апсловирано, и секому јасно дека со овој договор се менува Уставот на Република Македонија, се менува институционалниот идентитет како клучен сегмент од националниот идентитет на еден народ, една  држава,  се менуваат патните исправи, се менуваат личните документи. Се прифаќа комисија за разгледување и ревидирање на културата и традицијата што ќе отвори пат во иднина кога ќе посака Јужниот сосед да ги блокира евроатланските интеграции на државата да може тоа да го стори кога сака и како сака, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната прес конференција соопштувајќи го официјалниот став на партијата.

Според Мицкоски, Македонија во моментот се наоѓа во една многу тешка и деликатна ситуација, доведена пред се од неодговорни политичари и луѓе водени од желбата за лична кариера и интерес.

-Во моментов Македонија е скапоцен авион даден во рацете на адолесценти, кои го знаат својот интерес и своите потреби, ама немаат чувство да управуваат со авионот, а од тоа управување зависат многу човечки судбини. Таквата тешка позиција ја споделува секој еден граѓанин, здружение, компанија, интелектуалец, но и ние ВМРО-ДПМНЕ  како политичка партија, вели тој.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека Македонија не е на Христијан Мицкоски, ниту на Заев, соопштувајќи дека секој граѓанин треба сам да одлучи како ќе постапи на 30 септември.

На крај Мицкоски го повика Заев на дебата да разговараат отворено за договорот со Грција како и за сите криминални афери, лажни ветувања, корупција и скандали која ја тресе владата на СДСМ и Зоран Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This