МИЦКОСКИ И ПОРАЧА НА МИРА ОД „САМО ВИСТИНА“ СЛЕДЕН ПАТ ПОДОБРО ДА СЕ СПРЕМИ: Вие не сте Македонка, нели ние сме Македонци кои што говорат македонски јазик?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водителката на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија Мирјана Трпчевска овој пат во улога на новинар му постави прашање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој едноставно и одговори со прашање вие не сте Македонка, не говорите Македонски јазик:

Прашање, новинар: Господине Мицкоски, денеска прилична еуфорија владее во медиумите во Грција особено по телевизискиот настап на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, за меѓународна соработка, господинот Муцунски, вчера во изјава за ТВ Скај телевизија дека ако дојде владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на наредните избори ако победи дека ќе го промени Преспанскиот договор, еве сега можеби е добра можност за да појасните уште еднаш?

Одговор: Ќе мора малку да сме попрецизни околу изјавата на меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Муцунски. Никаде во изјавата ова што го кажувате не го спомнува господинот Муцунски. Можеби некогаш треба да ги слушаме и читаме политичарите од Македонија, а да не влечеме нели паралела со тоа што говорат весниците и медиумите во соседството. Изјавата е јасна и прецизна и е во корелација со на што јас го говорам веќе подолго време дека ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во сето ова дека ВМРО-ДПМНЕ беше против и од денешна перспектива се срами што оваа влада, предводена од Зоран Заев го направи тоа што го направи, дозволи да се стекнат права. Да ја ставиме државата откако ќе се формира новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, на една брза трака , Македонија да биде дел од Европската Унија и по правото на самоопределување да го поставиме прашањето. Ние сме Македонци кои што говорат македонски јазик. Што е спротивно на ова што го говори господинот Муцунски и што го говорам јас? Што е спротивно од било кој договор кој што е актуелен и беше потпишан од страна на владата на СДСМ и на Зоран Заев. Нели самите тие излагаа и велеа дека ние сме Македонци кои што говорат македонски јазик, кои што доаѓаат од Македонија? Исто како оние коишто се наоѓаат во северна Грција и се дел од областа Македонија и се нарекуваат Македонци но се чувствуваат како Грци? Што е тука спротивно? Што има лошо и каде господинот Муцунски погрешил во неговата изјава? Вие не сте Македонка? Не говорите македонски јазик? Еве јас сум Македонец кој што говори македонски јазик и е од Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This