April 28, 2024, 11:56 am

МИЦКОСКИ И СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА БРНЗ ЗА „OPEN FINANCE“: Алатката овозоможи разоткривање на низа злоупотреби од страна на државни функционери!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски денеска остварија средба со амбасадорката на САД во Република Македонија, Кејт Мари Брнз.

-На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Македонија, стратешките определби и проблемите со кои се соочува државата и престојните парламентарни избори. Тој потенцираше дека САД е стратешки партнер на Република Македонија и се заблагодари за помошта која нашата држава ја добива од осамостојувањето до денес. Мицкоски истакна дека членството во ЕУ ќе биде клучна стратешка определба на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека партијата има визија и план како да ја стави државата на брза патека за исполнување на оваа цел. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на соговорниците им посочи дека Република Македонија се соочува со сериозни проблеми на патот кон Европската Унија, а недостатокот на реформи и круцијални проблеми со криминалот и корупцијата се аргумент повеќе за противниците на проширувањето на Унијата. Тој напомена дека постои голем број на нерешени корупциски афери во кои дел се дел високи партиски и државни функционери на СДСМ, се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски воедно и се заблагодари на амбасадорката Брнз за алатката за транспарентност и отчетност „Open finance“ која им овозможи на граѓаните увид во тоа како се трошеле и се трошат нивните пари, а овозоможи и разоткривање на низа злоупотреби од страна на државни функционери.

-Во однос на престојните парламентарни избори, соговнорниците беа согласни дека фер и демократскиот изборен процес на кој граѓаните слободно ќе ја изразат својата волја ќе е клучен за иднината на Република Македонија. Соговорниците се согласија дека односите помеѓу двете држави се на одлично ниво, и дека постои можност за натамошна соработка на полето на економијата, воената соработка и размената на знаење и искуства, информираат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This