Мицкоски: Кариерата на Пендаровски започнува во полицијата кога ги тепаа граѓаните во деведесеттите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната емисија на Телевизија Алфа гостуваше претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој кажа дека кариерата на Пендаровски започнува во полицијата кога ги тепаа граѓаните во деведесеттите.

– Неговата кариера започнува од кабинетот на оној директор на Бирото за јавна безбедност кој што не се штедеше да примени кога требало сериозно брутално насилство врз граѓаните на Македонија без разлика на етничката припадност истакна Мицкоски.

Тој наведе дека станува збор за Тетовските, Гостиварските и настаните во Ѓорче Петров и Бит Пазар. Мицкоски кажа дека од тогаш па до денес Пендаровски има сериозна полициска кариера.

Мицкоски кажа дека Пендаровски во два три наврати поданички се однесувал во кабинетите на поранешните претседатели на Република Македонија со обид да направи некаква политичка кариера за денеска да бара повторно мандат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This