April 27, 2024, 12:22 pm

МИЦКОСКИ: Мора да излеземе од 28-годишното политичко мочуриште

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овој викенд ВМРО-ДПМНЕ ќе го помине работно во Струга заедно со Националниот демократски институт од САД, што доаѓа како продолжение на работната посета на потпретседателот на партијата на САД, Александар Николоски, кој во Вашинготн оствари средби со претставници на НДИ.

Семинарот претставува одлична можност да се реобнови практика напуштена пред извесно време, за пренесување знаења, размена на искуства, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во вестите на Алфа се вклучи од Струга, каде што вечерва и утре ќе учествува на семинар „Рефлектирање за минатото – планирање за иднината“, организиран заедно со Националниот демократски институт.

Целта на овој семинар, рече Мицкоски, е да се извлечат поуки од минатото, да се исправат грешките на политички елити и да се направат правилни планови за иднината, кои нема да се темелат на грешките од минатото.

Македонија никогаш не била поподелена. Не само политички, туку и по појави, како Преспанскиот договор, на пример. Потоа, додворувањето на Заев на определен етникум за да обезбеди гласови, со што го прави македонското општество се попопделено. Од друга страна, граѓаните се крајно разочарани од немањето правна држава, немањето сигурност, граѓаните се деморализирани, демотивирани и спасот го наоѓаат селејќи се од Република Македонија. На сите овие негативни појави кои се случуваа во ова 28-годишно македонско политичко мочуриште ќе се обидеме да рефлектираме кон нив, но истовремено да направиме и план и визија како ВМРО-ДПМНЕ ја гледа Република Македонија во иднина, рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This