Мицкоски му одговори на Заев за провокацијата со лактот: Taквите како Заев на факултет ги викавме повторувачи, зaшто толку им е знаењето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доста е од Зоран Заев во политиката и се што овој човек донесе на политичката сцена. Доста е од политика која ја сведува во броење на кеш и квадрати, порача Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг пред граѓаните во општина Петровец.

Мицкоски му одговори на Заев дека таквите како него на факултет ги нарекувале повторувачи, односно како што рече затоа што толку им е знаењето, додавајќи дека е Заев е нервозен и му гори под нозе затоа што никој веќе не верува во неговите глупости.

Вчера го слушам ми дава на митинг некакви оценки, се расфрла со напишани фрази, прави потези со лактови, до душа го заборави да го каже она „мало сутра”, ама изгледа не му го напишале, па го пропушти, ги омаловажува противниците, бидејќи нема што друго да каже. Но еве само накусо да одговорам, како професор таквите како Заев на факултет ги викавме повторувачи, кои нјачесто ги повторуваа или како што ние популарно тоа го нарекувавме ги квадрираа годините. Зошто толку им беше знаењето, а како политичар морам да признаам нема поголем комплимент од тоа Заев да ти каже дека си за единица, бидејќи доаѓа од човекот кој е во тесна битка со самиот себе во кажување на гафови. Кој досега ни соопшти дека рибата смрди од опашката, кој им се обраќа на сончевите колектори како да му се публика, кој работи за џинџер баланс, и мисли дека е сидро кое што влече напред. Е за таков човек станува збор. Но го разбирам, но не можам да го оправдам Нервозен е и му гори под нозете. Зошто веќе никој не му верува во глупостите кои ги кажува и прави, потенцираше Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This