ДАЛИ ОВА Е ЗАМЕНАТА НА КАРАКАМИШЕВА: Назначувањето на Дескоска во Венецијанската комисија е скандалозно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција во седиштето на партијата одговарајќи на новинаркско прашање за назначувањето на министерката за правда Рената Дескоска за член на Венецијанската комисија нагласи оти тоа е е скандалозно само по себе.


Тој објаснува дека ако се погледне законот за антикорупција членот 44 став 2, ќе видите дека тоа е недозволено и дека има сериозен конфликт помеѓу лице кое што е веќе избрано од страна на Владата или Собранието за да биде после од истата Влада предложено на друга функција.

– Еве ја повикувам ДКСК по допрен глас, нели иако тие обожуваат веќе неколку месеци таму немаат одржано седница, претпоставувам сега ќе се интензивизираат пред изборите, и наеднаш ќе има наплив на седници во ДКСК. Но на една од тие седници, најчесто ќе бидат случаи против мене или против ВМРО-ДПМНЕ, еве ги охрабрувам по овој допрен глас да одржат седница и да истражат дали е во конфликт со законот за антикорупција, односно спречување на корупција себе номинирањето на избран функционер од истата таа Влада за претставник во Венецијанската комисија. Еве нека го истражат тоа и нека излезат, ако сум јас во грешка, ако сме ние во грешка тогаш ќе имаме доблест да признаеме, но ако не сме во грешка тогаш да видиме конечно некаква одговорност. Еве сега сум убеден дека ќе ги засилат состаноците, иако неколку месеци нема никаква активност таа иста комисија, објасни Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This