МИЦКОСКИ: Не верувам ниту во Сваровски ниту на Луј Витон cyдството, туку на професионалци кои ќе носат пpaвда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не верувам ниту во Сваровски, ниту на Луј Витон судството, туку верувам во судство на професионалци кои ќе носат вистинска правда, каде професионалците ќе бидат таму каде што заслужуваат да бидат, каде што ќе се цени по квалитететот, не по роднински линии, не по тефтерчиња, не по нешто кое што денеска е реалност, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Слободен печат.

Мицкоски посочи дека во денешново Луј Витон судство има обвинител кој што народски кажано е фатен со рацете во медот но, се заборава и името на една судијка која што има брат адвокат и кои што исто така учествуваат во тој процес.

Тоа е важно затоа што истата таа судијка надвор од законот го замрзнува името на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија. Но тоа никој не го споменува ниту името на адвокатот ниту судијката. Тоа значи дека имаме јасна спрега помеѓу медумски могули кои што премиерот ги нарекува провладини, обвинителство и правосудство, тука немаме функционирање на владеењето на правото и немаме функционален и независен правосуден систем, потенцираше Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This