April 27, 2024, 11:49 pm

Мицкоски: Никогаш нема да прифатам дека за cmpтта на 14 луѓе може да биде виновен кабел или нечиј полнач за телефон, кажете како што се договарате за тендери и сега сте се договориле никој да не одговара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Како човек никогаш нема да прифатам дека за смртта на 14 луѓе во Тетово може да биде виновен кабел или нечиј полнач за телефон, без да има одговорност за нефункционирањето на системот за кој министерот и заменик министерот се директно одговорни за животите на пациентите во болницата“, реагира Христијан Мицкоски на изјавата на премиерот Заев дека нема да ги прифати оставките на министерот и заменик министерот за здравство бидејќи немаат политичка и менаџерска одговорност за трагедијата во тетово во која животот го загубија 14 лица.

„Заев треба да престане да се надева дека ќе веруваме во неговите глупости кои имаат јасна цел – да ја сокријат објективната вина, негова и на неговите министри.“, вели Мицкоски

„Кој дозволил таква инсталација во болницата и немање на противпожарни апарати? Кој дозволил опасни боци на кислород во необезбедена болница? Кој дозволил роднини на пациенти и други цивили во болницата? И кој друг ако не министерот, заменикот министер и самата Влада е одговорна за животот на пациентите.“, прашува тој.

Кажете и јавно на јавноста дека Заев и Ахмети здружено, како и за други тендери, се договориле никој да не одговора, вели Мицкоски

Како човек ми е тешко што главни теми во нашата земја се нечие отсуство на морал и чувство за одговорност, што се прашања за кои не треба да дебатираме и треба да бидат основни вредности за кои политичарите треба да ги бранат, а не да ги рушат. Јас верувам во мојот народ. Сигурен сум и дека народот знае како да постапи и заедно да ги заштитиме вредностите во кои веруваме и да бидеме силата на промените кои сакаме да ги видиме, додава тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This