Мицкоски повика на обединyвaње на опозицијата за пopaз на власта и ocлoбодyвaњe на дpжaвaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обединување на опозицијата со цел пораз на власта на СДСМ и ДУИ и целта на ВМРО-ДПМНЕ. Ова во вчерашното гостувањето во Дневникот на Сител го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како што рече Мицкоски обединет опозициски блок ќе го растури ова тенко владино мнозинство, а тоа го покажуваат и истражувањата на јавното мислење.

-Еве уште една прилика за јавен повик кон сите да се придуружат кон оваа иницијата да ја победиме оваа неспособна власт, рече Мицкоски и укажа дека овој повик се однесува и на раководтсвото на Левица.

-Ако Левица сака да делува опозициски и да ја поразиме оваа неспособна владеачка гарнитура нека се приклучат кон овој опозициски фронт, рече Мицкоски.

Тој укажа дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ излегува со нови ликови кои што се нов бран на политичката сцена и ќе покажат како може поинаку.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека утре ќе одржат прес-конференција на која ќе презентираат дел од имињата кои што ќе бидат исто така во преостанатите скопски општини, но и на други општини во Македонија. Според него околу дваесетина ќе бидат нови имиња.

Мицкоски додаде дека професорката Котлар е навистина исклучителна жена, и се цени дека со своето делување и ставови кои што во изминатиов период ги рефлектираше во јавноста е лице кое што може да направи навистина добар резултат.

-Така дури покажаа и интерните мерења. ВМРО-ДПМНЕ не е партија која што има фрустрација дека тоа мора да биде човек кој што има свое портфолио на ВМРО-ДПМНЕ, туку целта на партијата е да излезе со кандидат кој што ќе го победи СДСМ и Зоран Заев во Општина Центар. Дали тоа било коалиционен партнер во Центар, или во некоја друга општина, ако ликот кој што е предлог и кој што на мерењата ќе покаже навистина исклучителни капацитети и нормално бројки, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи. Така што немаме таква фрустрација. Нашата цел е да ја ослободиме државата од ова лошо политичко раководење под палката на СДСМ и ДУИ, појасни Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This