МИЦКОСКИ СО МОЌНА ПОРАКА ОД РЕСЕН: Македонија е нашата судбина, и нашата иднина, а Македонија мора да победи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва е во посета на Ресен каде се обрати пред присутните, а по тој повот објави и свој статус на Фејсбук.

Ресен градот на др. Татарчев, младиот гемиџија Трајков, и многу други личности кои своите животи ги посветија на ВМРО и каузата поради која постои оваа организација, а тоа е МАКЕДОНИЈА, стои во статусот на Мицкоски.

Тој понатаму во статусот додава дека оваа идеја и огромна судбина денес е нападната од нечесни политичари. Ветуваа живот, донесоа пекол, откако после година и половина самите се уверија дека не ги бидува и дури самите повеќе не веруваат во сопствените лаги почнаа парче по парче да ја парчосуваат, распродаваат сопствената татковина како неразбрани трговци. Сега без срам во највалканата и најлажливата кампања во поновата историја на независна Македонија не убедуваа насмеани, весели дека ќе не однесат во Европа само да си ги спасат привилегиите и кариерите, а во суштина сакаат да го сменат името, да се откажат од идентитетот, ДА тоа се тие истите лажливи остатоци на транзицијата кои на ниски страсти и лажливи ветувања го темелат своето политичко битисување.

И така во периодот помеѓу две трибини на кои власта раскажува за европската иднина на Македонија, нереално разубавена со милионски скапата кампања, стигна шамарот кој ги враќа сите платени сонувачи од власта во болната реалност, капиталните инвестиции за цели 8 месеци оваа година изнесуваат алармантно ниски 23.3 осто. Доказ дека ништо не се работи. Заклучокот е едноставен: главна пречка да и тргне на Македонија не е името, туку оние кои сакаат да го сменат, оние кои не донесоа живот, а нема да донесат ниту иднина. Македонија е нашата судбина, и нашата иднина, а Македонија мора да победи, пишува во својот статус.

Ресен градот на др. Татарчев, младиот гемиџија Трајков, и многу други личности кои своите животи ги посветија на ВМРО и…

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, September 26, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This