(Видео)ПРЕДАВНИЦИ ИМАЛО И ЌЕ ИМА: Пратеници од опозицијата се купени за да гласаат за промена на името во Собрание!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предавници имало и ќе има, вели Стевчо Јакимовски лидер на ГРОМ и дел од опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Според Јакимовски и во редовите на опозицијата има пратеници кои се притиснати и кои се продале на власта по различни основи. Она што е важно е дека без разлика за што се притиснати, тие се предавници – вели Јакимовски.

 

 

„Предавници Македонија имала низ историјата и ќе има, и тие веројатно и во овој процес ќе ги има. Тоа се луѓе што се под затворска закана, тоа се луѓе кои што се под закана од кривични пријави, тоа се луѓе кои им се закануваат со откази на нивни семејства, тоа се луѓе кои очекуваат услуги од власта. Од разно разни причини наоѓаат начин и форма на кој пратеник како да му придадат и како да го притиснат за да излезе на гласање. Но најважно е дека, предавници поединци ќе има, но не смее политичката партија да предаде. Не смее ВМРО да предаде, не смее ГРОМ да предаде, не смее МААК да предаде, не смее ПОДЕМ да предаде. Тоа треба да се знае, дека се собрале 80 предавници во парламентот и ја донеле таа одлука, одродени од народот, од партијата од се што можело“ – рече Јакимовски во вечерашната емисија „Без Цензура“ на Инфомакс.мк.

Целата емисија можете да ја погледнете тука:

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This