Мицкоски: Со пакетот мерки Заев културните работници ги направи социјални случаи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција коментирајќи го четвртиот сет на мерки на Владата, нагласи дека Заев ги понижи културните работници.

Влада на Зоран Заев културните работници како што таа самата вели ги направи социјални случаи, па ги стави го групата на социјално ранливи категории и со срамни 6.000 денари еднократна помош се обидува да го надомести сето она кое што се случуваше во изминатиов период, пред се мислам на неисплатените плати во културата за културните работници кои што доцнат повеќе од два месеци, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека поради тој брутален срам кој што им е нанесен на културните работници , министерката за култура треба да поднесе неотповиклива оставка, бидејќи нејзините колеги културните работници таа самата како соучесник во мафијашкото однесување на Зоран Заев, ги стави во групата на социјално ранлива категорија и ги направи социјални случаи.

Мицкоски во својата прес конференција ја спомена и мерката предложена од Владата за игротеки, при што посочи дека поради неспособноста на владата да се справи навремено и целосно со КОВИД кризата, работењето на овие објекти беше практично невозможно и сите тие ставија клуч на врата во изминатиов период со исклучок на неколку такви објекти кои се блиски до фамилијата.

Е сега, владата се обидува преку мерка која што не само што нема да им помогне, туку дополнително ќе го загорчи нивното работење, да биде милосрдна и да се престави дека им помага на истите овие луѓе со сума која што е еднаква на еден викенд промет. А, притоа им забрани да работат повеќе од неколку месеци да остваруваат приход и притоа го доведе под знак прашалник опстојувањето на тие бизниси и вработените кои што се дел од тие бизниси. Срамна мерка и навистина нешто што ниту тие, па ниту кој било кој во оваа држава тоа го очекуваше, рече Мицкоски.

FacebookTwitterCopy Link

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This