April 27, 2024, 10:40 am

Мицкоски со порака до идните градоначалници: Заборавете на канцеларијата и фотелјата, вашето место е со народот, на улица, нива или пред продавница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 17-ти октомври ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја добие поддршката од народот бидејќи нашата најголема коалиција на овие избори е коалицијата со народот. И тука мојата прва порака на Јовица и до овие прекрасни луѓе кои што утре ќе бидат дел од Советот на општина Брвеница е дека помина времето на политичарите глумци, помина време на политичарите измамници, помина времето кога политичарите беа залегнати во кожните фотелји и газеа дебели црвени персиски килими, вашата природна средина ќе биде заедно со овој народ кој што вечерва е дојден овде и ви ракоплеска, ве поддржува. Вие треба да бидете слуги на овој народ кој што денеска е овде со нас, и кој што ќе ве поддржи на 17-ти октомври. Заборавете на канцеларијата, заборавете на сите оние привилегии којашто ги носи општинската власт, вашето место е на улиците заедно со народот, на полињата, на нивите, во фабриките, пред продавниците за тоа што вие сте слуги на народот, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Брвеница.

Мицкоски додаде дека народот заслужува подобра иднина, доста е веќе од политичари на власта кои не работат за граѓаните туку само за нивните лични интереси.

– Со оваа власт нема апсолутно никаква шанса да биде подобро, најдобро знаете вие, дека волкот влакното го менува но карактерот не. Доста е веќе од овие политичари, нам ни треба нова иднина. За тоа мораме да се бориме за нашата заедничка слобода, овие избори се шанса за промени, шанса за подобро утре, порача Мицкоски.

Мицкоски посочи дека за него победа е кога ќе се направи се она што е спротивно од оние 30 години, се она што досега беа порази, неправди, и работи кои што не требаше да ни се случат, а се случија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This