Мицкоски: Учењето на Светите браќа треба да ни биде водилка и во овие тешки мигови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ го честита државниот празник, Денот на сесловенските просветители и учители, Св. Кирил и Методиј.

На овој ден Св. Кирил и Методиј ја започнуваат Моравската мисија на која ја шират првата словенска азбука, глаголицата. Со своето творештво македонските просветители даруваа многу народи со писменост, просветлувајќи го патот на развојот и културното издигнување. До ден денес Македонците и светот им се благодарни на македонските просветители, чествувајќи го нивното дело, вели Мицкоски во честитката.
Тој додава дека со своето творештво Светите браќа овозможија рамноправност на милиони луѓе, нивното учеење треба да ни биде ѕвезда водилка и во овие тешки мигови кога Македонија и светот се соочуваат со светска пандемија, кога дома имаме економска криза и тежок живот.

Нивната хуманост, посветеност и пожртвуваност нека ни биде пример за тоа како и ние треба да ги живееме своите животи, алтруистички помагајќи си еден на друг, бидејќи напредокот мора да биде заедничка цел и мисија. Само така ќе ги надминеме предзвиците и ќе создаде подобро утре за сите нас, вели Мицкоски.
Нашиот јазик е нашата татковина, велеше Блаже Коневски, а нашето писмо е светлината со која се издигнуваме и културно развиваме, наше идентитетско обележје и доказ дека постоиме.

Не смееме да дозволиме тргување со нашиот идентитет, и наша обврска е да се избориме за почитување на нашето наследство што е заложбина и аманет на нашите предци. Така ќе се почитуваме и себе си, вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски во честитката по повод Денот на сесловенските просветители и учители, Св. Кирил и Методиј.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This