Мицкоски ја фрли коцката: Ќе прифати ли Заев предизборен мандатар?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во неговото гостување во емисијата „Јади бурек“ предложи да се воведе кандидат за иден мандатар и тој да биде носител на кампањата која што политичките партии ќе ја спроведуваат.

Ваквиот механизам кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го предлага да се вметне во Изборниот законик е дел од европските искуства.

Според Мицкоски, мора да има носител на мандатот бидејќи оној чија политика ќе биде поразена од граѓаните веќе нема да може да се крие зад пратеничкиот мандат и зад имунитетот.

– Тоа менува многу затоа што Вие излегувате на избори, доживувате пораз и потоа се криете зад пратеничкиот мандат и позади имунитетот кој што го имате во Собранието, а вашата политика граѓаните ја поразиле, порача Мицкоски.
Тоа би значело дека пред изборите мандатарот јавно застанува зад целата кампања која ја нуди партијата, програмата со која се претставува пред граѓаните, а одговорноста за евентуалниот порaз, ќе пaдне на негов грб.

Ваквата пракса, на не така одамна одржаните Европски избори ја имаше Европската народна партија која имаше т.н шпицен кандидат, односно мандатар.

Според универзитетскиот професор Александар Климовски, ваквиот предлог е одличен и е во духот на едно повисоко ниво на политичка култура и на подигање на моралот во политиката.

– Воведувањето на иден мандатар во Изборниот законик е добро за демократскиот капацитет, за легитимирањето пред гласачите со цел истите да бидат запознаени која личност ќе биде носител на извршната власт, иден креатор на политиките и кој ќе ја сноси одговорноста бидејќи власта и одговорноста се на истата страна на медалот, вели Климовски.
Според Владимир Божиновски пак, програмски директор на Институтот за политички истражувања – Скопје, од ваквиот предлог би немало штета и не гледа зошто некој би бил против ваквиот предлог да се најде во изборниот законик.

– Нема некоја штета да се вметне во Изборниот законик, повеќе би било од технички причини за да нема никакви недоразбирања и да се појасни повеќе, ако партиите коалицираат пред изборно. Нема штета и не знам зошто некој би бил против, вели Божиновски.
И двајцата експерти согласни дека на овој начин лидерите на партиите би сноселе одговорност за своите политики што е одраз на најголема мopална одговорност во политиката.

Според Климовски, добро би било власта да го прифати предлогот бидејќи лицето кое ќе изгуби на изборите ќе биде приморано да замине од партиската власт.

– На тој начин би се оставил простор на други лица за кои времето ќе покаже дали ја заслужиле довербата, а со тоа би се направило и демократизирање внатре во партиите и со поголем „сенс“ и одговорност би се настапувало на политичката арена, смета Климовски.
Стефан Василевски, извршниот директор на политичкиот Институт – Конзерватив.МК смета дека предлогот на Мицкоски е во насока на проширување на демократскиот капацитет на изборите.

– Шпиц кандидатот може да биде поддржан и од помали партии, групации, здруженија и политички активисти бидејќи тој е носител од широк идеолошки спектар, а не теснопартиски кандидат. Во таа насока, следниот премиер би бил на сите граѓани, а сепак ќе доаѓа изворно од партијата која го кандидира како носител, вели Василевски.
Сепак малку е веројатно дека ваквата иницијатива на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ би била прифатена од власта бидејќи лидерот на СДСМ е свесен дека поддршката која граѓаните ја даваат на неговата партија секој ден пaѓa и дека поpзот на претстојните избори е голема зaкaна за него.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This