April 28, 2024, 12:29 am

Мицкocки без колeбaњe: Ако Coфија инсистиpa на идентитeтcки пpaшања, Договopoт е минaтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека доколку Бугарија продолжи да инсистира на преговори за идентитестките прашања, тогаш Договорот за добрососедство наместо да нуди иднина, нуди минато.

„Политиката треба да биде настрана од овој процес. Доколку во тие разговори се вклучуваат идентитетски прашања поврзани со јазикот, историјата, идентитетот имаме јасен став дека по ниту една цена не треба да се разговара за она што претставува наше идентитетско обележје. Тоа не смее да биде предмет на договарање ниту какви било отстапки“ вели Мискоски во интервју за Дојче веле.

А, претходно кажав, дека доколку нашиот источен сосед продолжи да инсистира на преговори на оваа тема која опфаќа идентитетски прашања, тоа значи дека содржината и на овој актуелен билатерален договор кој го склучи Заев е исцрпена, и дека тој наместо да нуди иднина, нуди минато и тој за нас како политичка партија ќе биде минато.

Тогаш е јасно дека е потребен нов договор кој ќе обезбеди иднина и во кој овие работи нема да бидат дел од преговори“- вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This