(Видео) Мицкocки: Cpeдбите со пpeмиepите на Словенија, Унгарија и Хрватска се кopиcни за дpжaвaта и гpaѓаните, мора да отвоpaме вpaти и peшаваме пpoблеми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес гостуваше во „Неделен Брифинг“. Во своето гостување посочи дека средбите во Словенија, Хрватска и Унгарија се корисни за Република Македонија но и за самите граѓани. Преку средбите единствено македонските граѓани ќе имаат бенефит.

„Средбите беа една сериозна дипломатска активност на ВМРО-ДПМНЕ, која што гледам дека овдека во јавноста е прифатена позитивно и ние ќе продолжиме со такви активности. А, тоа значи дека сме направиле добар потег и ќе продолжиме во периодов кој што следи, ќе имаме уште вакви пријатни изненадувања. И планираме еден ваков распоред на посети кои што ќе ги правиме и во регионот и во Европа“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека од овие средби бенефит може да имаат граѓаните и државата.
„Не треба никој да гледа конкуренција во ова што го правиме, се разбира ние на тие средби исто така ги презентираме и нашите впечатоци за однесувањето на власта во смисла на немањето реформи, невладеење на право, бруталната партизација судството и обвинителството, слабата економија, неумешноста во справување со КОВИД пандемијата, убедливото прво место кое што го имаме во регионот и меѓу водечките десет сме во светот по бројот на заразени и починати, немањето опција за вакцинација“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека истовремено од средбите се собираат искуства, знаења, се шират познанства со луѓе кои што се надвор од структурата на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ, кои што утре би помогнале во делот на привлекување на странски инвестиции.

Неделен Брифинг со Сотир Костов, 25.01.2021

Неделен Брифинг со Сотир Костов Гостин:Христијан Мицкоски

Posted by infomax.mk on Monday, January 25, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This