Мицкocки paзговарал co Jaнша: Heма плaн зa пoдeлбa нa Maкедонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека се слушнал со Јанша и дека тој му рекол дека не доставил таков нон пејпер.

„Нема такво нешто, се слушнав со премиерот на Словенија, Јанша. Мислам дека Фајон-Ѓилас и Заев со вакви написи сакаа нешто друго да постигнат“, објасни Мицкоски.

Европската Унија ниту го потврдува, ниту демантира или коментира наводниот нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанес Јанша.

Според наводниот нон пејпер се планира поделба на Босна и Херцеговина и создавање голема Србија и голема Албанија. Оваа тема ја засега и Македонија. Јанша демантираше дека постои таков документ, но од Европскиот Совет не стигна таков демант, иако не стигна ниту потврда.

Словенечките европратенички Тања Фајон и Ирена Јовева изјавија дека овој став на Јанша е неприфатлив.
Шефот на словенечката дипломатија, Анже Логар вчера ги негираше тврдењата за наводен нон-пејпер, кој, според некои медиуми во Словенија и БиХ, премиерот Јанез Јанша го доставил до Европската комисија.

Тој вели дека се работи за манипулација и обид за компромитирање на владата и претседателот. Кажа дека единствениот документ за кој можат да се однесуваат тие шпекулации е оној што го поднела Хрватска. За него како за неофицијален документ се дискутирало во Брисел минатиот месец, а се приклучија и Словенија, Унгарија, Бугарија и Грција.

Членот на претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ изјави дека идеите кои се наведени во нон-пејперот, кој во Брисел го испрати словенечкиот премиер Јанез Јанша, не се нови, туку постоеја и пред почетокот на војната во БиХ, истакнувајќи дека тие би го означиле исчезнувањето на Босна и Херцеговина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This