Миjaлков не ни беше претпоставен и не можеше да komaндува со „алфите“, сведочи Ивица Анчевски-Пуки за апceњето на Бошkocки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екскомандирот на единицата „Алфа“, Ивица Анчевски-Пуки, тврди дека поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, не командувал со припадниците на оваа единица, па така било и денот кога во 2011 се апсеше лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Анчевски, заедно со Мијалков, е меѓу обвинетите во предметот „Тортура“, кој се однесува на начинот на апсење на Бошкоски еден ден по парламентарните избори во 2011 година. Овој судски процес е во завршница, а на денешното рочиште одбрана даваат токму обвинетите.

„Никој од овде присутните не ми бил претпоставен и сакам да појаснам дека во 2011 година единицата ‘Алфа’ хиерархиски е поставена во БЈБ, поточно во СВР Скопје. Од тие причини не е возможно таа да биде командувана од друга страна, поточно од овде присутните“,

рече Анчевски.
Тој тврдеше дека секоја наредба била издавана согласно хиерархијата во МВР, а негираше и дека со некој од другите обвинети, вклучително и Мијалков, имал приватна комуникација на оваа тема, надвор од службените контакти. За акцијата за апсење на Бошкоски, како што рече, дознал дента.

Мијалков најверојатно нема да дава одбрана на денешното рочиште. На денешното рочиште во судницата во делот за јавност е присутно и семејството на Мијалков, неговата сопруга и двата сина, како и поранешниот градоначалник Ивица Коневски.

„Тортура“ се однесува на начинот на апсење на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, еден ден по парламентарните избори.

Првообвинет е ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, додека дригите шест обвинети се тогашни припадници на на единицата „Алфа“. Сите се товарат за делото мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Според обвинението, Мијалков ги навел останатите да предизвикаат душевно страдање кај лидерот на Обединети за Македонија, а „алфите“, пак, без приговор и со сервилна покорност кон тогашниот шеф на УБК, постапиле. Кога беше отворена истрагата, обвинителството тврдеше дека начинот на кој бил апсен Бошковски бил понижувачки, му биле изрекувани пцости, погрдни зборови, закани итн.

Тогашното СЈО, презентирајќи ја истрагата, тврдеше дека лидерот на Обединети за Македонија намерно бил апсен на начинот како што можеше да види јавноста преку објавуваните снимки во медиумите, како на пример, тоа што беше држен со лицето кон полски тоалет за да го снимаат медиумите, а со тоа му биле повредени достоинството и личноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This