МЛАД СИ БИЛ НЕ ЗНАЕШ ЗА НАМЕСТЕНАТА ВОЈНА: Велиш не знаеш млад си бил, не знаеш за наместената војна со оние за кои велеа „ние со терористи влада никогаш нема да направиме“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Легендата на Македонското филмско платно и „штиците што живот значат“, актерот, Лавот и бранителот Тони Михајловски во неколку реченици објавени на неговиот Фејсбук профил, темелно ја опиша апсурдноста на ситуацијата во последните неколку години

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Велиш млад си бил и не знаеш за злото што го направиле кога биле на власт. А биле. 13 години и тие биле на власт. Епа, сега ќе видиш. Ќе имаш шанса. Само џабе. Пак нема да научиш. Зошто би научил?
И покрај тоа што читаш колку фабрики затвориле во тоа време, и гледаш кој е нивниот сопственик денес,ти велиш дека не знаеш.
И покрај привремената, три децениска референца која стои како суров обелиск на нивното предавство и лага, ти велиш дека не знаеш.
Промената на знамето не ти дава до знаење колку им било битно, и колку се искеширани за тоа? Не. Знам.
Наместената војна, во договор со оние за кои велеа “ние со терористи влада никогаш нема да направиме”, а на 17.12.2002 баш со нив направија влада? И тоа не знаеш.
Територијалната поделба, која е “јамб у најава” за федерализацијата која е се поизвесна да не ја ни спомнувам, така? Не сакаш да знаеш.
За апсењата, убиствата, прогоните, реваншизмот и одмаздата, атентатите, пљакосувањата верувам исто така не сакаш да знаеш.
Те разбирам.Одамна било, а ти си бил мал или млад. Трагедија плус време, еднакво на комедија.
Ама ова сега што се случува исто така не го знаеш? Подмолен и предавнички договор со Бугарија, ревизија на историјата, закон за двојазичност на цела територија, смрт на 14 деца за 120 дена, иљадници хектари шума изгореа, убија кандидат за градоначалник. А ти уште им ги дробиш коските на Тамара и Мартин. Глупо е малце, знаеш? Знам дека знаеш.
Све знаеш уствари, само таков си. Знаеш и дека ДУИ е 16 години на власт, ама се сереш од помислата да спомнеш за нивната “диктатура и режим”, или недај Боже криминали. Храбар си да плукаш само по твоите и нив да ги мразиш. Те води омразата кон својот народ. Па дури и земјата ја мразиш. Извини јбг. Немам намера да те мразам. Во таа битка ти си победник. Јас во име на љубовта решив да изгубам во неа.
Во онаа за Македонија, ќе се прашаме. Таа ќе трае. Таа е вечна. Борбата..:) – пишува Тони Михајловски на својот ФБ профил[/kopa_block_quote]

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This