МОЛИТВА КОН ГОСПОДА ИСУСА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Просвети ме добри Исусе, со сјајот на внатрешното светло и истерај ја од собата на моето срце секоја темнина. Скроти ги многуте престапи и отклони ги силните напасти. Бори се одлично за мене и истерај ги дивите ѕверови, т.е. замамните пожуди; за да бидам мирен во Твојата добродетел и да одекне изобилна благодарност кон Тебе во светиот двор, т.е. во чистата совест. Заповедај им на ветриштата и бурите, речи му на морето: Смири се! И на северниот ветар: Не дувај! и ќе настане голема тишина. Испрати го Твоето светло и вистина (Пс. 42,3) да светат на земјата, зашто јас сум земја пуста и празна додека Ти не ме просветлиш. Излиј ја одгоре Твојата милост, накваси го моето срце со роса, пушти ја водата на побожноста да го накваси лицето на земјата и да даде обилен и најдобар плод.

Подигни го духот, притиснат од тежината на гревот, и насочи ги сите мои желби кон небеските работи. Та откако ќе вкуси од милината на небеската среќа, да замрзи да мисли на земното. Зграби ме и оттргни ме од секоја минлива утеха и било кое создание, зашто ништо создадено не е во состојба потполно да го задоволи мојот копнеж и да ме утеши. Приврзи ме за себе со неразврзливата шивата врска на љубовта, зашто Ти единствено си доволен на оној којшто љуби, а без Тебе се е безвредно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This