МОЛИ ПО ЕВРОПА: Димитров на средба со амбасадорите од Вишеградската група

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во организација на амбасадорот на Чешката Република, земја која тековно претседава со Вишеградската група, а согласно воспоставената пракса, денеска се одржа работна средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со амбасадорите на земјите од Вишеградската група.

Во оваа група покрај Чешка членуваат и Полска, Унгарија и Словачка.

Министерот Димитров ги брифираше амбасадорите за последните внатрешно-политички случувања, резултатите во клучните реформиски области, сето тоа во контекст на потребата од октомврискиот Совет на ЕУ да усвои одлука за отпочнување на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Се заблагодари на досегашната поддршка на земјите од В4 на процесот на пристапување, како и на секоја од земјите од Регионот поединечно. Оваа поддршка неодамна беше уште еднаш демонстрирана преку одржување на првиот Самит на премиерите од В4 и Западен Балкан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This