МОЛОТОВ КОКТЕЛ ВО КАФУЛЕТО „КРУГ“: Кулминира насилството и рекетот низ Скопје, Спасовски нема одговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со молотов коктел беше нападнат кафе барот „Круг“ кој се наоѓа во Дебар маало. Во моментот кога бил фрлен „молотовиот коктел“ во локалот се наоѓал и сопственикот.

Иако инцидентот се случи среде Центар, во најпрометен дел од градот, МВР нема никакви резултати во истрагата.

Во полицискиот билтен потенцираат дека сторителот е се уште непознат и дека допрва се превземаат мерки за расчистување на настанот.

„На 19.12.2017 година во 03.50 часот во Скопје, на улицa „Наум Наумовски Борче“ во угостителски објект соственост на З.К.(46) од Скопје, од страна на непознат сторител фрлено е стаклено шише во кое најверојатно имало запалива материја и на местото каде што паднало, настанал пожар. Пожарот е локализиран од страна на чуварот во угостителскиот објект, при што скршено е стакло од влезната врата од локалот, а повредени лица нема. Извршен е увид на место на настанот, се преземаат мерки за расчистување на случајот“ информираат од МВР.

Ова е само еден од низата настани кои не се расчистени од полицијата на СДСМ и Спасовски. Меѓу нив се и убиства, тешки кражби, разбојништва. Народот живее во страв, а скопјани оправдано се загрижени за својата безбедност.

 

 

Убиецот на Мартин Јанушев е на слобода, дали некој од власта го штити?

Младиот фудбалер беше ладнокрвно убиен на 03.11.2017-та. Пред влезот на зградата во која живее, на прометната улица полна со луѓе во кафулињата во близина, ова младо момче беше разрешетено до смрт.

Неговиот убиец си шета на слобода. МВР молчеше предолг период за да излезе со информации за иницијалите на убиецот. Но, Спасовски истакна дека не знае каде е криминалецот. Поради штури резултати од истрагата, убиецот на Јанушев шета на слобода. Остануваат отворени прашањата кој од власта го брани и дали е тоа поради поврзаноста со СДСМ-овската агенција за обезбедување Омерта?

 

 

Убиениот во Чаир бил дел од предизборната кампања на СДСМ

во Чаир со неколку истрели беше убиен Исмет Арифи (викан Кока) од село Блаце. Неговиот сопатник во автомобилот е тешко повреден и пренесен во болница.

Според првични информации убиството се случило во вооружена пресметка на бандите на ДУИ и СДСМ во овој дел од Скопје. Арифи бил активист на СДСМ кој им ја водел кампањата за локалните избори во овој дел од градот. На терен работел за Петре Шилегов, делејќи негови програми и агитирајќи граѓаните да гласаат за кандидатите на СДСМ.

-Исмет е познат како личност која на последните избори правеше активноси за СДСМ и често ги изнесуваше неговите ставови против креирањето на политиката на ДУИ. Пријателството на Исмет со ранетиот Ќемал Лусјани може да се потврди со нивните слики на Фејсбук, каде што тие често се заедно. Таков беше случајот минатата ноќ кога биле во автомобилот на Исмет и биле пукани со огнено оружје кое резултирало со смртта на Исмет и сериозната повреда на Кемал, кој и понатаму е под грижа на лекарите во скопската болница, објави по убиството, порталот Тетова1.

 

Разбојништвата станаа секојдневие, насилници слободно се шетаат

Разбојништвата станаа секојдневие. Крадци и насилници слободно шетаат низ цела држава, а нивна жртва се граѓаните. Секојдневно во полицискиот билтен се забележуваат случаи во кои граѓани биле ограбени и нападнати. Бројот на вакви насилства постојано расте. Полицијата седи со скрстени раце.

Кафулињата и дискотеките се под невиден притисок на инспекторите. Им упаѓаат со вооружени специјалци. Власта на Заев се пресметува на сите страни, па и газдите на локалите се нивна жртва.

За сите овие случаи МВР молчи. Спасовски не превзема одговорност што откако тој е министер во државата владее страв, беззаконие и криминалците си шетаат слободно.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This