УСЛОВИ КАКО ВО КОНЦЕНТРАЦИОНЕН ЛОГОР: Притворените за 27 април цел ден се без греење, не им се дозволува внесување на капи и ракавици!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува нечовечкиот однос за политички и неправедно притворените обвинети за тероризам за настаните од 27 април. Светски признатиот оперски пејач Игор Дурловски, доајенот на македонското актерство Владо Јовановски, уметникот Богдан Илиевски, народни избраници и уште многу граѓани, скоро цел ден се оставени во без греење.

Информациите до кои дојдовме е дека притворените од 27 април, како и сите други притворени во истражниот имаат греење само два часа дневно, додека директорот на затворот таа што за обвинетите е привилегија само краток период од денот, го има во целиот ден.

Одредени коментари се дека условите во истражниот затвор во Шуто Оризари се како во нацистички логор, а не притвор во 21 век. Во јавноста се вели и дека ова повеќе не е ниту политички прогон, туку нечовечка одмазда од политички мотиви, одмазда која е опасна по животот и здравјето на луѓето.

Покрај тоа што немаат греење нашите информации велат дека на обвинетите за настаните од 27 април не им се дозволува ниту внесување на волнени капи и ракавици.

Дел од роднините на притворените веќе се обиделе да им однесат на своите најблиски топла облека, но тоа од управата на затворот не било дозволено. Во самите простории има и појава на мраз на ниските температури, а присутни се и чести болести и вируси.

Премрзнати и под психолошки притисок се притворените од 27 април меѓу кои и оперскиот пејач Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, архитектот Богдан Илиевски, поранешниот прв човек на МВР Митко Чавков, пратениците Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов и десетици други кои ќе ја докажуваат својата невиност.

Покрај тоа што добиваат крајно нечовечки услови, ниту ќелиите во кои се притворените не исполнуваат основни услови за сместување, полни се со мувла, прозорците се расипани и не функционираат.

Наместо да ја спремаат одбраната, притворените се борат да преживеат. Дополнително е присутен и нечовечки третман и во однос на посетите кои се остваруваат. Имено, дозволен е само еден час посета во кој спаѓа и времето за остварување на безбедносните проверки, така што преостанатото време од само половина час останува за непосреден контакт со притворените.

Упатените велат дека нема минимални човечки услови за функционирање на затворот. Народниот правобранител молчи, исто како и Хелсиншкиот комитет до кого пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пред една недела испратија барање за проверка на условите во кои опстојуваат притворените за 27-ми април.

Се поставува прашањето зошто народниот правобранител молчи, исто како и Хелсиншкиот комитет до кого пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пред една недела испратија барање за проверка на условите во кои опстојуваат притворените за 27-ми април.

Јалови и лажни беа и најавите на премиерот Зоран Заев, кој при посета на затворот Идризово рече дека ќе се подобрат затворските услови, од тогаш до сега шајка не е ставена во ниту еден од затворите.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This