МОНСТРУОЗНО И СКАНДАЛОЗНО: Саше Политико го обвини сопственикот на Охрид скај дека ги „рента“ своите ќерки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денесовски сведочи дека сопственикот на Мактел, во два телефонски повици кон него, упатил закани и барал 5.000 евра, а откако изнудата не успеала, тој ги објавил фотографиите на неговите ќерки со текст со монструзни лажни тврдења
Порталот Мактел на сопственикот Саше Ивановски, ноќеска, половина час по полноќ, објави фотографии од ќерките на сопственикот на порталот Охрид скај, Сашо Денесовски, како и во кој чудовишно тврди дека таткото „ги рентал“ сопствените ќерки во охридските хотели. Нешто подоцна, Мактел со црна лента ги покри очите на двете девојки, а Денесовски во текстот не е поименично спомнат. Со првичната објава, порталот сепак го обелодени идентитетот на девојките, од што лесно може да се заклучи кој е нивниот татко.

Во допис до медиумите, до Здружението на новинарите на Македонија и до Советот на етита во медиумите на Македонија, Денесовски сведочи дека во раните утрински часови на 17.05.2018 година, сопственикот на Мактел, Саше Иваноски, во два телефонски повици кон него, упатил закани дека доколку не му даде 5.000 евра, ќе објавел стории за него. Денесовски вели дека добил и СМС порака испратена од телефонот на Иваноски, во која навел: „ШОКАНТНО Познат охридски новинар и рекетар ги рента своите ќерки низ хотели во Охрид, Фото галерија од ќерките“.

Откако не успеала изнудата, на Мактел осамнала шокантната лажна вест. Денесовски во 2 часот по полноќ настанот го пријавил во полиција и тврди дека Ивановски извршил стек од Кривични дела по член 258 став 1,2,3,4 Кривично дело изнуда, како и Кривично дело Уцена по член 259 став 1, а во врска со став 2 од КЗ на Република Македонија. Во полиција Денесовски доставил докази, телефонски повици и СМС пораки, како и печатени материјали од објавата на Иваноски, на порталот Мактел, а од стана на Криминалистичката полиција е извршено обезбедување на докази – фотографирани се дојдовните повици и на СМС пораката.

„Колку и да сака да изврши изнуди и рекетирање или на друг начин да прикаже нетрпеливост спрема друг, недозволиво е тоа некој да го стори на начин што ќе се фати за најболното нешто за секој човек, детето и притоа да користи медиум за оцрнување на деца кои со ништо, ама баш со ништо немаат никаква вина, ниту некогаш се огрешиле спрема Законот“, вели Денесовски и додава дека неговите деца веќе 13 години живеат во Скопје и се истакнати во своето образование.

Денесовски за случајот ги запознал и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и премиерот Зоран Заев. Тој очекува новинарите и сопствениците на медиумите јавно да го кренат својот глас против ваквите, како што вели, „монструми во македонскиот медиумски простор“, а од МВР и од Јавното обвинителство бара и очекува веднаш да преземат соодветни мерки.

ОБНОВЕНО

Откако ги објави фотографиите на недолжните ќерки на Денесовски, со монструозен текст во кој тврди дека таткото ги „рентал“ во охридските хотели, Саше Политико се огласи јавно со барање за објавување и демант од Плусинфо (?!) и згора и со барање за извинување.

Во „демантот“, сопственикот на Мактел тврди дека му се јавил на Денесовски со барање овој да ги избришел клеветите кон него и кон неговата сопруга и додава дека подолг период Денесовски му се заканувал.

ИНФОМАКС жестоко ја осудува постапката на Саше Ивановски да клевети лица кои немаат никаква вина за неговата евентуална кавга со Денесовски. Затоа немаме потреба, а ниту намера да му се извинуваме на човек кој секојдневно неказнето клевети и навредува луѓе. Се гнасиме од таквото „новинарство“ и се срамиме што ги познаваме неговите заштитници.

Што се однесува до тоа кој кому се заканувал, го известуваме уредникот на Мактел дека случајот е пријавен во полиција и дека таа работа сега треба да ја расчистат органите на прогонот. Претпоставуваме дека тој ќе биде повикан во полиција или пред обвинител, па таму може да објасни сѐ што сака, а веројатно и нему ќе му биде објаснето она што треба, односно ќе му бидат предочени доказите на Денесовски.

Му предлагаме извинување да побара и да си поразговара за оваа работа со сопственикот на порталот Охрид скај. Веројатно Денесовски со душа чека да го види за да ги расчисти со Саше „недоразбирањата“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This