МОРА(Љ)НА ПОДДРШКА ЗА ХИСТОРИСКИОТ ПРЕМИЕР: Новинарот и кандидат за градоначалник на Липково најавува дека Заев брзо ќе ја правел Македонија како Швајцарија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се погласни се барањата на албанската заедница, а оттука и поддршката која пристигнува до Зоран Заев, веднаш по промената на уставното име на државата да се премине кон редефинирање на унитарниот карактер на Македонија, и тоа по примерот на Швајцарија

 

Ветувањето кое пред три години Заев го даде пред Албанската дијаспора во Берн, Швајцарија стои како јаже околу неговиот врат кога станува збор за албанската етничка заедница која се погласно бара и очекува веднаш по промената на уставното име на државата, да се премине кон редефинирање на унитарниот карактер на земјата. Ваквото барање, освен од албанската дијаспора, беше побарано и од Еди Рама како составен дел на тиранската платформа како документ без кој ниту една албанска политичка партија не смееше да склучи коалиција со Македонските политички партии.

Новинарот и кандидат за градоначалник на општина Липково Хади Османи, на социјалните мрежи објави фотографии од краток разговор со Заев во Давос, каде што присуствува на светскиот економски форум.

Османи коментира дека Заев бил голем човек кој ќе ја направел Македонија како Швајцарија.

 

 

„Големите љуѓе се занимаваат со голем работи. Денес ја имав честа да го сретнам хисторискиот премиер на Македонија кој многу брзо Македонија ке ја прави како Швајцарија. Имајте трпение!“ – вели Османи, повикувајќи ги Албанците да имаат трпение.

 

Новинарот Османи му даде и поддршка на Заев, објавувајќи фотографија во која тој се наоѓа во друштво на грчкиот колега Ципрас, за „евро-атљантската“ иднина на Македонија, алудирајќи на тоа дека Албанската дијаспора му дава поддршка за промена на уставното име на земјата.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This