Московскиот дoпиcник нa NYT гo oпишyвa иcкycтвoтo co pycкaтa вakцина „Спутник V“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Репортерот на московското дописништво на американскиот дневен весник The New York Times, Ендрју Крамер кој доброволно ја примил руската вакцина „Спутник V“ се пријавил во печатеното издание од саботата го опишува своето искуство со препаратот. Според него, главните прашања во врска со вакцината од страна на скептиците се појавиле поради нејзината браз регистрација (11-ти август 2020-та), а не поради нејзиниот состав.

Авторот признава дека бил скептичен во однос на руската вакцина, и дека неговите сомнежи се засновале во прв ред на времето на регистрацијата на препаратот, која беше објавено „дури и пред започнувањето на подоцнежните фази од испитувањето“.

„И пократ тоа што загриженоста на јавноста не стивна потполно, а создавачите сѐ уште не ги објавја подробните податоци за несаканетите ефекти забележани во текот на испитувањата, руската влада досега вакцинираше милион свои граѓани и ја извезе ‘Спутник V’ во Белорусија, Аргентина и други земји, потврдувајќи дека досега ќе биле откриени какви било штетни несакани појави кои не биле забележани при испитувањата“, пишува Крамер.

Сепак, како што пишува новинарот на NYT, тој подоцна се уверил во безбедноста на вакцината, којашто по завршувањето на испитувањата покажала „добри резултати и висока ефикасност“. Овие резултати Крамер ги опишува како „коишто, се чини, може да се наречат вистинско достигнување на руските научници“.

Истовремено, авторот наведува дека во прилог на тврдењето за сигурноста на вакцината оди и фактот што повеќе од милион Руси веќе биле вакцинирани со неа, а испораката започнала во Белорусија, Аргентина и други земји. Според Крамер, „доколку биле идентификувани опасни несакани појави во текот на тестовите, за нив веќе ќе се знаеше“.

„Другата причина зошто решив да се вакцинирам со прозивдо од рускиот генетски инженеринг беше, многу попроста: таа беше достапна“, вели Крамер

Новинарот ја истакнува достапноста на руската вакцина за населението. Крамер во написот нагласува дека покрај резултатите од клиничките испитувања на препаратот, уште еден податок оди во нејзина полза, а тоа е што во Русија, за разлика од странство се успеало да се избегнат „редиците и забуните“ во центрите за вакцинација, и проблемите со нарушувањата во логистиката „кои беа пријавени на местата за вакцинација во САД и други земји“.

Сето тоа, пишува Крамер, го поттикнало да се пријави за инокулација, а првата доза од вакцината му била дадена во московска поликлиника минатиот понеделник. Дописникот забележува дека успеал да ги избегне несаканите ефекти типични за вакцините од коронавирусот, како што е главоболка и зголемена температура. Опишува дека по инјектирањето на вакцината лекарите од него барале да остане половина час во ходникот на поликлиниката, доколку дојде до анафилактичен шок „до кој за среќа не дојде“.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This