April 26, 2024, 12:53 pm

Фејсбук ja блoкиpaшe cтpaницaтa „Срби за Трамп“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Организацијата „Срби за Трамп“ објави дека Фејсбук ја блокирал нивната страница на 30 дена.

Како што беше објавено од таа организација, „Фејсбук“ ги информирал за ограничувања поради континуирано кршење на стандардите на заедницата.

Оваа организација активно учествуваше во поддршката на Доналд Трамп на претседателските избори на 3 ноември минатата година.

Блокадата на страницата следи по конфликтот меѓу Трамп и социјалните мрежи.

„Твитер“ прво привремено, а потоа трајно, го суспендираше профилот на Трамп на таа социјална мрежа.

И „Фејсбук“ и „Инстаграм“ истовремено ги блокираа сметките на Трамп затоа што, како што наведоа, тој поттикнувал немири за време на протестите во Вашингтон.

Специјалниот пратеник на Трамп за преговорите меѓу Белград и Приштина, кој е во заминување, Ричард Гренел на „Твитер“ се огласи токму поради тоа што оваа социјална мрежа го блокираше актуелниот претседател, но и поради најавата за можност за отповикување на Трамп во Конгресот.

Гренел упати остри критики до Џозеф Бајден и потпретседателката Камала Харис.

“Еј, Џо Бајден и Камала Харис, нека ви е со среќа кога на други земји ќе им кажувате дека на можат да ги замолчат, цензурираат или затворат своите политички противници. Оваа е криза за американскиот бренд, а вие ја славите (привремената) моќ што доаѓа со неа“, напиша Гренел на „Твитер“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This