„Мост“: Семејно гласање и гласачи непроверени со УВ-ламба во гостиварско Чегране

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставници од граѓанската асоцијација „Мост“ во периодот од 17 до 19 часот забележале изборни нерегуларности на две гласачки места.

На гласачкото место 2659 во општина Кисела Вода гласач го фотографирал гласачкото ливче, при што реагирал изборниот одбор и била повикана полиција. Гласачкото ливче било поништено, а гласањето било прекинато во период од 15 минути.

На гласачкото место 0506/1 во гостиварско Чегране, 13 гласачи не биле проверени со УВ-ламба, 8 гласачи не биле обележани со спреј, а биле забележани и 4 случаи на семејно гласање.

Според податоците добиени од паралелното сумирање на гласовите на „Мост“, одѕивот на гласачите до 17:00 часот е 38,8%, додека до 18 часот е 42,7%.

На последната прес-конференција за денеска „Мост“ ќе извести за резултатите за одѕивот и распределбата на гласовите, кои ги пресметува според својот математичко-статистички научен метод.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This