Мудра приказна: Не откривај си ја душата пред сите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една млада, убава девојка отишла кај еден мудрец целата облеана со солзи.

– Што да правам? – го прашала со солзи.

– Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, да не повредувам никого, помагам со што можам. Но често, наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури и некои луѓе се отворено непријателски настроени кон мене. За ништо не сум виновна а толку нефер и навреди добивам! Посоветувајте ме што да правам!

Мудрецот ја погледнал со насмевка и ѝ ирекол:

-Соблечи ја облеката и оди во градот така!

– Ти си луд ?!

– Еве гледаш, ли! – мудрецот се насмевнал повторно. – За да го покажеш голото тело на луѓето се срамиш. Зошто тогаш одиш во светот со гола душа? Таа е отворена како оваа врата. Секој кој сака, влегува во твојот живот и ги гледа твоите достоинства како одраз на сопствените пороци. Така тој почнува да се обидува да те навреди, клевети, понижи. Не секој има храброст да признае дека некој е подобар од него.

Погледни ги овие убави цвеќиња! Се грижев за нив многу години и ги наводнував, но никогаш не ги видев нивните пупки, иако уживам во убавината и аромата на секој од нив. Биди како цвет – откривај го своето срце пред луѓето полека и незабележливо.

Погледни кој е достоен да ти биде пријател и да правиш добро за него. Девојко, не фрлај ги твоите бисери пред свињите!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This