Ова е наследникот на Жбогар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доаѓате во исклучително важен момент за нашата држава во однос на нашиот ЕУ пат. Се потпираме на вашето искуство и на вашата искрена поддршка на овој пат, што ќе претставува историски заеднички успех уште на самиот почеток од вашиот мандат, му порача министерот за надворешни работи Бујар Османи на новоименуваниот амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, на денешната средба на која Османи ги прими копиите од акредитивните писма за неговото именување.

Од Министерството за надворешни работи соопштија дека Османи изразил задоволството што со амбасадорот Гир, Северна Македонија добива искусен дипломат и сојузник кој професионално и принципиелно ќе се вложи во европската перспектива на државата, што претставува исклучителна важност за земјата во пресрет на претстојното објавување на годишниот извештај и пакетот за проширување на Комисијата и очекувањето земјата повторно да добие позитивни оценки.

– По историската одлука во март за почеток на преговорите, веруваме и очекуваме дека земјите членки во рамки на Германското претседателство со Советот на ЕУ наскоро ќе ја договорат преговарачката рамка и до крајот на годината ќе ја одржиме Првата меѓувладина конференција која ќе го означи конкретниот почеток на преговарачкиот процес – рече министерот за надворешни работи на средбата со Гир кој доаѓа на местото на досегашниот евроамбасадор во земјава Самуел Жбогар, чиј мандат истече овој месец.

Османи, посочија од МНР, ја искористил средбата со новоназначениот амбасадор да ја пренесе благодарноста на Владата до Европската комисија за поддршката во борбата со предизвиците на кризата со ковид-19, како и да ја поздрави демонстрираната солидарност во време на пандемијата од страна на Европската Унија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This