April 27, 2024, 10:47 pm

МУКОСКИ ПОБАРА МЕРКАТА ДА БИДЕ ЗАМЕНЕТА СО КУЌЕН ПРИТВОР: Пратеникот е со нарушено психичко и физичко здравје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски денеска на јавна седница во Апелацискиот суд побара да излезе од истражниот затвор „Скопје“, односно мерката притвор да му биде заменета со куќен притвор, јави Алсат-М.

„Сериозно ми е нарушено, како психичкото, така и физичкото здравје. Пуштете ме барем дома да заздравам и да го видам семејството“, рече Мукоски.

Неговата одбрана посочи дека е семеен човек и оти не планира да бега и дека во негов интерес е да се расветлат настаните од 27 април.

Мукоски повеќе од два месеца е во притвор под сомнение дека ги отворил вратите од Собранието на 27. април.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This