МУКОСКИ СО ИЗЈАВА ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВ: Добивме гаранции за уставните амандмани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ги потенциравме нашите барања и генерално го усогласивме текстот на амандманите и се надеваме дека утре рано Владата ќе го достави документот до Собранието, изјави пратеникот Крсто Мукоски од новата пратеничка група произлезена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по средбата во Собранието со премиерот Зоран Заев за уставните амандмани.

Мукоски дека нивните барања се однесуваат на дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, културно наследство и јазикот. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на Македонија во ЕУ, поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.

„Разговаравме и за телото за внатрешно помирување . Тоа треба да почне ефективно да работи од понеделник. Договорен е составот и бројот на членовите на телото “, рече Мукоски.

Како и премиерот Заев, Мукоски кој е обвинет за настаните од 27-ми апри, повтори дека „постојат два начина нивните барања да се инкорпорираат, или тие да бидат вметнати во владините амандмани или пратениците да поднеста амандмани на амандманите на Владата“.

„ Добивме гаранции дека Владата ќе ги прифати нашите амандмани///Сите партеници кои сакаат да го поддржат Договорот од Преспа се добредојдени. За ова треба нив да ги прашат“, одговоди Мукоски на прашањето дали и други пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставните амандмани и го повика да учрествуваат и во телото за помирување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This