Мурињо: Не знам ништо за Шкендија, ама знам дека и во Македонија ќе биде – опacно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тетовска Шкендија го мина романски Ботошани за да се пласира во третото квалификациско коло во Лига Европа, па идниот четврток ќе го пречека лондонски Тотнем со Жозе Мурињо во Скопје, кои синоќа во Пловдив преживеаа пекол и во завршните 10 минути стигнаа до пресврт-победа со 2-1 и тоа откако Локо Пловдив остана со два играчи помалку при водство од 1-0.

Нема дилеми кој е апсолутниот фаворит на мечот Шкендија – Тотнем, ама Мурињо после тоа што го преживеа во соседна Бугарија, не е така опуштен и сигурен и признава дека во Македонија ќе му биде опасно и тешко, исто како и вчера во Бугарија.

За Шкендија не знае ништо, допрва ќе анализира, ама дотогаш го чека маратон и во следните шест дена има дури три меча, од Саутемптон во Премиерлигата, преку Лејтон во Карабао-купот, па гостувањето во македонската престолнина, кое за него е второ, по тоа во 2017 година кога дојде како кормилар на Манчестер јунајтед и загуби во Суперкупот од Реал Мадрид.

„Не знам ништо за Шкендија, допрва ќе ги анализираме… Јас истото ќе го кажам како и за овој меч во Пловдив. Да се играа два меча ќе беше поинаку, на гости може да играте и поопуштено, па дома имате шанса да исправите, ама вака во еден меч – секогаш е опасно. Ќе биде опасно и во Македонија. Да бидам искрен не знам ништо за нив, за нивниот тим тимот и ќе почнеме со подготовката, само што до тогаш прво имаме маратон кој нè чека, прво Саутемптон во Премиер, па Лејтон во Купот и на крај доаѓаме во Македонија“, рече вчера Мурињо по мечот во Пловдив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This