Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ има една одговорност во оваа кампања на нашите граѓани да им понудиме надеж, да им понудиме визија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во „Отворено Студио“ каде што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нуди личности кои ќе бидат профил што ќе се справи со сите тие негативни феномени кои што ги создаде СДСМ со нивното тригодишно владеење.

„Мислам дека земајќи во предвид колкав е степенот на поларизација, јас би рекол не само помеѓу политичките субјекти бидејќи е таква поларизацијата помеѓу политичките субјекти се пренесува тоа и врз нашите граѓани, имаме една одговорност, тоа веќе и мој силен и личен став. Имаме една одговорност во оваа кампања на нашите граѓани да им понудиме надеж, да им понудиме визија“, појасни Муцунски.
Муцунски додаде дека по него вниманието на кампањата треба да биде сведена на политики,а не на дневна политика.

„Од наша страна како политичка партија, јас мислам дека граѓаните успеавме да ги убедиме преку нашето политичко дејствување дека оваа влада не успеа да ги реализира ветувањата бидејќи има многу висок степен на корупција. Корупција која што метастазира во нашето општество и не се реши. Но сега е моментот кога ние треба прво да понудиме кандидати и личности кои ќе бидат профил што ќе се справи со сите тие негативни феномени“, нагласи Муцунски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This