Коронавирусот се враќа во Дебар, најголем број од заразените се млади луѓе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Дебар од 5 јуни наваму има 12 новозаразени од коронавирусот. Се очекува дека и понатаму ќе има нови случаи.

Градоначалникот Хекуран Дука на денешната-прес конференција, одржана по средбата со општинскиот Оперативен штаб со кој раководи тој, епидемиолошката состојба ја оцени како алармантна.

Од петти овој месец до вчера регистрирани се 12 новозаразени. Од нив првозаразениот е веќе излекуван, еден болнички се лекува во болницата „Осми септември“ во Скопје, додека 10 се лекуваат во домашни услови. Во самоизолација се осумдесеттина лица, вели Дука.

Новозаразените се млади луѓе на возраст од 20 до 30 години.

Дука додаде дека се очекуваат резултати од 40 земени брисеви, како и за еден вработен од детската градинка, каде од 69 земени брисеви 68 се негативни.

Дебар и Центар Жупа месец дена беа во карантин, што придонесе да се стопира заразата, но таа повторно се врати во градот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This