Муцунски: Датум за преговори сѐ уште немаме, за две меѓународни институции Македонија е хибриден режим

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние сме сега во ситуација во врска со Преспанскиот договор оваа влада оди надвор од рамките на преспанскиот договор, веројатно за да ја води понатаму таа попуслива надворешна политика за која што ние велиме во континуитет ја води.Ние имаме став во врска со Преспанскиот договор, многу пати е тој кажан. Не се согласуваме со содржината на истиот. Сметаме дека е контрадикторен со јус когенс принципите на меѓународното јавно право, тука мислиме пред се на основното право на самоопределување и секоја грешка како тие грешки во содржината на говорот што се направени може да се поправи. Јас верувам дека постои меѓународно правен институционален и домашно правен институционален капацитет таквите огромни содржински навреди, јас би рекол во современиот меѓународен јавно правен систем да се поправат, вели кандидатот за пратеник во Изборната единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија Тимчо Муцунски.

Муцунски посочи дека Македонија ќе ја чека конечната верзија од преговарачката рамка, велејќи дека постојано слуша за датум, но како што рече тој Македонија се уште нема добиено датум за почеток на преговорите со Европската унија.

Факт е дека ние тек ќе ја чекаме конечната верзија на оваа преговарачка рамка. Постојано слушаме за некои датуми и датум за преговори е потребен. Но, датум за преговори се уште оваа држава не добила. Што ние треба да направиме? Треба да се подготвиме. Проектот Обнова предвидува работење во институционалните капацитети, односно таму каде што сме најслаби ќе почне преговарачкиот процес.

Ние го заслужуваме тој преговарачки процес многу долг период и кога ќе почне дали нашите институции имаат кадровски и друг вид ресурси кои што им се потребни за да го поуспешиме процесот за евроинтеграција. А процесот на европска интеграција почнува од дома. Не може ви да бидете на патот кон европските интеграции кога две релевантни меѓународни институции велат дека вие сте хибриден режим. Кога во Македонија цвета високата корупција, кога во Македонија очигледно и ноторно постои спрега помеѓу власта и правосудството, истакна Муцунски.

Муцунско додаде дека неговата битка за Република Македонија не застанува и дека според меѓународното договорно право сите грешки можат да се исправат, посебно во ситуација кога имаме непочитување на основните јус когенс норми на меѓународното јавно право.

Јас тоа што го знам од меѓународното договорно право е дека сите грешки можат да се исправат, посебно во ситуација кога имаме непочитување на основните јус когенс норми на меѓународното јавно право. Мојата битка за Македонија не престанува и вие може различно да го толкувате тоа од мене и апсолутно ваше право е демократска заедница е затоа и дебатираме вака. Но, мојата битка за Република Македонија не застанува, мојата битка за Република Македонија почнува од овој момент и ние така ќе се однесуваме, порача Муцунски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This