Му го вратиле пapичниkoт изгубен пpeд 50 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Американец од Сан Диего, Калифорнија, му бил вратен паричник то го загубил пред повеќе од 50 години на Антарктикот.

Пол Гришам веќе не се ни сеќава дека го изгубил паричникот додека работел како метеоролог во станица на американската морнарица на Јужниот Пол 1967 година. Стивен Декато од Њу Хемпшир, кој работи за една агенција за истражување, рече дека неговиот поранешен шеф го контактирал пред еден месец за да помогне во пронаоѓањето на сопствениците на два паричника најдени при уривањето на старата станица.

Ќерката на Декато потоа го контактирала Брус Мекки од невладината организација „Индијана спирит ’45“… Се покажа дека Гришам е член на здружението на ветерани.

Пронајдениот паричник содржел службена книшка на Гришам, возачка дозвола, даночна пријава, рецепт за домашен ликер и потврди за прренасочување пари кон неговата сопруга.

Невладината организација објави на Фејсбук фотографии и од вториот пронајден паричник, за којшто се покажа дека е на Пол Хауард, кој починал 2016 година. Паричникот е испратен до неговото семејство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This