Нацев: Уcлoвитe вo Apмиja нe ce зaдoвoлитeлни aмa никoj нe cмee дa ce пoжaли зaтoa штo kaзнитe ce виcoки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово гостин во Лидер радио беше универзитетскиот професор Александар Нацев кој вели дека власта направи перцепција дека ако влеземе во НАТО магично ќе се смени се, но условите во Армија не се задоволителни ама никој не смее да се пожали, затоа што казните се високи.

–Се направи една перцепција дека кога ќе влеземе во НАТО се магично ќе се смени, но тоа воопшто не е така затоа што системот на колективна одбрана што го носи НАТО e една работа, а индивидуалните системи кои ги носи или треба да ги изгради секоја друга земја е друга работа, вели Нацев.

Според професорот условите во нашата армија не се на задоволително ниво и не доликуваат на нивото кое треба да бидат.
Тој истакна дека кога британските структури дошле и ги виделе условите во Пепелиште и Криволак побарале веднаш сакале да си заминат.

–Никој не смее да се пожали затоа што казните се високи. Вие тоа може да го видите преку масовниот одлив на војници. Јас знам многу војници, подофицери, па дури и офицери коишто си дадоа откази и отидоа да работат во приватни компании во Ирак и Авганистан, но голем дел од нив почнаа да возат камиони и да се занимаваат со други бизниси, заврши Нацев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This