Мaтичните велат доцна е за вaкцини, Филипче допрва најавува вакцинирање пpотив грип

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Kаква корист има од вакцинација за грип во декември, кога населението ќе стекне имунитет дури во јануари – е ставот на матичните лекари по најавите на министерот за здравство Венко Филипче дека ќе има повеќе термини за вакцинација.

Тие изминатите неколку недели секојдневно мораат да ги одбиваат своите пациенти коишто се јавуваат за термин затоа што друг избор немаат, ниту пак можат да ги услужат преку системот во кој секунди ги делат од веќе пополнети термини за вакцинација.

Според онаа микробиологија и календари за вакцинации коишто сме ги учеле ние по медицина и со години сме ги практикувале, тој календар кажуваше до крајот на октомври да се вакцинира за сезонски грип. Сега веќе знаете како?! Тие возрасни лица, хроничари, ако ја примат таа вакцина која во прво време малку го ослабува имунитетот и потоа ги фати друга настинка – тоа може да ги покоси, вели за „Телма“  Лилија Чолакова – Дервишова, претседател на Здружението на матични лекари

Нарачаните вакцини доцнеа уште од старт, а комерцијалните веднаш се истрошија, а дел од граѓаните на коишто им следува бесплатна вакцина се уште едвај можат да дојдат до термини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This