Мopбидно и сkaндалозно е глумењето нормалност кога имаме 196 зaболени и 8 мpтви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ја осудуваме изјавата со која се глуми нормалност. За Заев и Спасовски нормално е што денес згaснаа 8 животи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ја осудуваме изјавата со која се глуми нормалност во ден кога имаме 196 заразени и 8 починати. За Заев и Спасовски нормално е што денес згаснаа 8 животи. Зоран Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче во ден кога имаме 196 заболени и 8 мртви велат дека успешно се справуваат со ситуацијата предизвикана од коронавирусот. Ова е морбидно и скандалозно, реагираат од партијата.

Заев, Спасовски и Филипче денес глумат нова нормалност, а имаме целосен распад на системот. Почима трудница, темпото со кое прогресира вирусот во Македонија не става во врвот на земјите каде најбрзо се шири заразата.

И додека Македонија тоне. СДСМ мисли само на избори.

Вакви изјави и ваква неодговорност се недозволиви. Оливер Спасовски и Венко Филипче веднаш да и се извинат на македонската јавност и да си поднесат оставки.

Заев, Спасовски и Филипче се директна причина за состојбата денес. Кризата која спласнуваше се разгоре од партиските активности на СДСМ и прерано почнатата камапања.

Македонија страда заради неодговорноста и нестручниот пристап на СДСМ.

СДСМ ја партизираше Комисијата за заразни болести. Истата наместо стручни даваше партиски изјави. Наместо стручен пристап, имавме партиски приод.

Заев, Спасовски и Филипче мора да понесат одговорност. Македонија се претвора во кланица. Одиме кон дното. Со СДСМ само тонеме. Потребна е стратегија за излез од кризата. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This