НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „8 СЕПТЕМВРИ“ ЗА ТАКИ ЏИКОВ: Професорот и спортски работник, Џиков добитник на наградата „8 Септември“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната награда „8 Септември“ за животно дело и признанија за високи остварувања во областа на спортот денеска беа врачени во Собранието на Република Македонија.

Таки Џиков, кој речиси половина век е во спортот, на разнии функции, а најмногу во одбојката, е добитник на годинашната државна награда за животно дело „8 Септември“, која по седми пат ја доделува Агенцијата за млади и спорт.

Признанија за остварувања во областа на спортот добија Стефан Гешовски-кошарка, Сашко Арсовски-карате, Владимир Радиќ-ракомет и Ристо Таков-борење.

Наградата на Таки Џиков му ја додели директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и изрази честитки до сите наградени.

Џиков им го честита празникот 8 Септември на сите граѓани и нагласи дека на државата и е потребна нова стратегија како да се создадат нови, квалитетни, стручни кадри кои ќе го доближат спортот до младите и тој да стане нивно секојдневие.

Смета дека преку спортот младите ќе се дистанцираат од пороците и оти на тој начин се создаваат здрави и млади генерации кои и се потребни на државата.

На доделувањето на наградите присуствуваа спортисти, тренери, претставници од спортските федерации…

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This