Наградени најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Град Скопје, ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител во Скопје за 2020 година.

Наградата за најдобар пожарникар за 2020 година ја доби Никола Мајнов,
Дарко Јовановски, вработен во Полициска станица „Гази Баба“, ја доби наградата за најдобар полициски службеник, a Звонко Васев е истакнат крводарител кој ја потврдил својата хуманост со 89 дарувања крв и ја доби наградата за крводарител на годината.

Скопје е град на солидарноста и ние ја чуваме таа традиција, а хуманоста и солидарноста стана дел од нашите животи, од начинот на живеење на  скопјани. Во овие тешки времиња, особено тешки животни услови и ситуации предизвикани од  ковид-19, не можеме да ги заборавиме оние што се истакнале со својата хуманост преку своите дела. Се надевам дека овие награди ќе бидат мотив за добитниците, за нивните колеги, како и за сите нас, како колеги и граѓани да бидеме похумани и посолидарни и да се обидеме да помогнеме секогаш кога можеме, кога на некого ќе му биде потребна помош“, рече Шилегов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This